Фридрих-Еберт-Штифтунг (ФЕС) како една од своите главни задачи го има подобувањето на работните односи и социјалниот дијалог, затоа што успешната комуникација на засегнатите страни е знак за развиено и демократско општество. Пристапот кон ова прашање ја зема во предвид специфичната ситуација во земјата и потребите на социјалните партнери. Исто така, ФЕС се обидува да ги донесе соодветните информации од законите и практиките на ЕУ поблиску до локалните актери.
ЦЕЛИ
• Олеснување на здружувањето помеѓу синдикатите и цивилното општество
• Развој на синдикалните стратегии и концепти за активно учество во социјалниот дијалог
• Зајакнување на учеството на жените и младите
• Олеснување на промените во синдикалната организациска култура за да се прилагодат на економскиот систем
• Зајакнување на компетентноста на партнерските организации
• Олеснување на креирањето на иновативни пристапи за колективното преговарање
• Олеснување на комуникацијата помеѓу локалните и меѓународните актери во социјалниот дијалог