Во Ноември 1999 тогашната Влада на РМ иницираше првична реформа на локалната самоуправа, но до 2001 недостигаа важни чекори кон имплементацијата. Потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор во Август 2001 беше голем чекор кон децентрализацијата на Македонија.
Под член 3 во Договорот стои:
1) Одговорностите на избраната локална власт ќе бидат зајакнати и нивните компетенции во делот на јавната служба, урбано и рурално планирање, заштита на околината, локал економски развој, култура, локални финансии, образование, социјална и здравствена заштита ќе бидат значајно зголемени.
2) Закон за финансирање ќе обезбеди адекватен систем на финансирање за да им овозможи на локалните власти да ги исполнуваат нивните должности
3) За да се обезбеди свесност и одговорност кај полицијата за потребите и интересите на локалното население, локалните раководители на полицијата ќе бидат избирани од страна на општинските совети
Новиот закон за локална самоуправа, изгласан во јануари 2002, и законот за Територијална организација, изгласан во Август 2004, беа солидна легална рамка за создавањето на новиот систем за локална самоуправа. Во изминатите години Владата на РМ продолжи со процесот на децентрализација, но со тоа што официјалното преземање на одговорностите од страна на општините започна на средината на 2005, се уште има недостатоци и проблеми.
Активностите на ФЕС Скопје целат кон понатамошен развој на локалната демократија, стабилност, ефективна јавна администрација и економски развој. Во последните неколку години ние се фокусиравме на зајакнувањето на локалните демократски институции, транспарентност и добро владеење.
Мерките кои беа преземени се:
- развој на човечките ресурси, градењето на квалификувана и одговорна администрација
- подиѓање на свеста кај јавноста за можностите да учествува и да влијае врз локалната политика
- развој на одржливи локални економии, отворање на можности за нови вработувања и идеи за претприемништво
- промоција и поддршка на регионална соработка меѓу општините
- зајакнување на фискалните капацитети
- промоција на буџетска транспарентност
- градење на капацитети меѓу локалните политичари
- поддршка на воспоставувањето на врски меѓу локалното ниво и централната власт
- подготвување на општините за интеграција во ЕУ
- доставување на експертиза на локалните јавни службеници и политичари со прирачници и други публикации |