FES
   
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  >> Staff login <<

  ФОНДАЦИЈА
ФРИДРИХ ЕБЕРТ
Канцеларија Скопје
 

Ристо Равановски 3
МК-1000 Скопје
П.Фах 423

+ 389 2 3093 181
+ 389 2 3093 182

  contact@fes.org.mk
 
 
 
Интеграција во ЕУ и НАТО
Локална самоуправа
Работни односи и социјален дијалог
Поддршка на цивилното општество
 

Превенција на конфликти
 
 
Во соработка со Иницијативата за градење мир и демократија, Фондација Фридрих Еберт во 2004 започна проект насловен “Пртнери во мир и превенција” кој беше насочен кон зајакнување на концептот за превенција на конфликти со цел да се подигне свеста за градењето на мир, демократизацијата и интеграцијата. Земајќи ја во предвид скорешната историја на Република Македонија и Балканот и очигледните заклучоци дека цената на превенцијата е многу помала од цената која се плаќа за интервенција особено во однос на цена на животи, интереси, вредности, човекови права и развој, сосема е јасно дека политиката на превенција на конфликти мора да биде постојана тема за размислување за сите актери.

Нашиот пристап е во тоа превенцијата на конфликти да биде за суштинско разбирање на причините за конфликтите, за суштински алати за превенција на насилство кои ги надминуваат воените алати, за зајакнување на политичката волја со обезбедување на веродостојни опции за акција; за рано предупредување и делење на информации; за лидерство и соработка и координација на превентивна акција.

Активностите на Фондација Фридрих Еберт кои се спроведуваат под оваа тема беа во форма на семинари за главните актери на локално ниво, како и во форма на регионални конференции наменети за членови на парламент и владини структури, локални и странски експерти, членови на академската заедница и НВО-a.

Наши специфични цели се:

- промоција на концептот за превенција на конфликти меѓу јавноста и донесувачите на одлуки низ зајакнување и задлабочување на концептот и неговите регионални димензии и воедно промоција на пристапот оддоли-нагоре во превенцијата на конфликти со акцент на акција на локално ниво
- промовирање на дијалогот меѓу различни актери во превенцијата на конфликти, како и помеѓу нив и претставниците на цивилното општество
- идентификување на регионалните и националните специфики во имплементацијата на меѓународната превенција на конфликти
- обележување на важноста на процесите на асоцијација, стабилизација и интеграција во ЕУ и НАТО за регионот на Југоисточна Европа
- оценка на потребите, искуствата и научените лекции од меѓународна како и национала перспектива за преевнција на конфликти
поврзување на политиките на превенција на насилни конфликти со концептот на човечка безбедност

Партнери на Фондација Фридрих Еберт во воспоставувањето на дебата за прашањето на преевнцијата на конфликти и човечката безбедност се Иницијативата за градење мир и демократија и Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

The Conflict Prevention topic at FES.de
 
Активности

Март – Април 2006
СЕМИНАРИ: Превенција, градење на мир и децентрализација

4-5 Ноември 2005
Регионална Конференција за Превенција на Конфликти преку Интеграција: Македонија и регионот на пат кон ЕУ и НАТО – потреби, искуства и научени лекции
 
 
Публикации
Conflict Prevention – From Idea to Culture of Prevention in the Republic of Macedonia
mk shq
"Implementation on the Ohrid - Framework agreement" in co-operation with Democratic club, Skopje.
shq
"Human right as democratic value" in co-operation with Democratic club, Skopje.
mk-shq
"Political tolerance in function of the peace" M-r Nazmi Maliqi.
mk eng shq
 
 
International Politics and Society

download на последното издание

тука

FES Библиотека
 
 
 
ФОНДАЦИЈА ФРИДРИХ ЕБЕРТ Канцеларија Скопје
Ристо Равановски 3 МК-1000 Скопје П.Фах 423
 
Copyright © 2005 FES