Главната реформа-иницијатор за сите земји во таканаречениот „Западен Балкан” е перспективата за идна интеграција во Европската Унија и за повеќето од земјите исто така и во НАТО. По периодот на дезинтеграција регионот започна веќе од 2000-та да се реинтегрира – прво во полето на економијата – во воспоставувањето на билатерални трговски договори, а подоцна и кон крајот на 2006 со потпишувањето на зголемениот ЦЕФТА договор кој создава слободна трговка зона во Југоисточна Европа. Клучен почеток за интеграцијата на земјите од Југоисточна Европа беше воспоставувањето на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа во Колоњ кој беше реафирмиран подоцна во Сараево во 1999 што ги постави основите за меѓународна заедница на дијалог и одговорност.
Goals
Канцелариите на ФЕС во Југоисточна Европа работат во рамките на водечките идеи на Пактот за стабилност за перспектива на идна интеграција за целиот регион во Европската Унија, за добрососедски односи и соработка во овој мултиетнички регион. Во Македонија ја поддржуваме регионалната соработка и размената на искуства и научени лекции. Инструментите кои се користат меѓу другото се: во 2004 експертски совети од Централноевропски земји кои се членови на ЕУ како и на други земји членки на Унијата во различни полиња на реформа и трансформација; проекти за дијалог меѓу Македонски политичари и истражувачи и нивни пандани од земји членки на ЕУ; регионални конференции кои се однесуваат на ЕУ и НАТО прашања; воспоставување на контакт и работни односи меѓу политичари и истражувачи од ЈИЕ како и од ЕУ.
Активности
9-ти Јуни 2006
СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА: “Фер избори и Евро-атлантска иднина на Република Македонија”