FES
   
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  >> Staff login <<

  ФОНДАЦИЈА
ФРИДРИХ ЕБЕРТ
Канцеларија Скопје
 

Ристо Равановски 3
МК-1000 Скопје
П.Фах 423

+ 389 2 3093 181
+ 389 2 3093 182

  contact@fes.org.mk
 
 

Социјална демократија

 
 

Форум Социјална демократија: Визии и Опции

Некаде кон крајот на 2006 година, Фридрих-Еберт-Штифтунг иницираше нов проект: Форум Социјална демократија: Визии и Опции. Во рамките на овој проект четири публикации од различни автори се преведени на албански, бошњачки, бугарски, хрватски, македонски, романски, и српски. Публикациите на македонски јазик (1-8) и на албански (1-4 )може да се симнат од нашата веб-страница.

http://www.forum-social-democracy.org

 


мк
(.pdf)

Публикација 8: Европа на региони
Вклучените текстови се преземени и преведени на македонски од “Neue Gesellschaft – Frankfurter Hefte” EUROPA DER REGIONEN

 

 

 


мк
(.pdf)

Публикација 7: Кон подновен европски социјален модел Ентони Гиденс

Европскиот социјален модел е интелектуална конструкција, а не видлива реалност. Тој одбележува ветување, коешто обединетите европски демократии се насочени да го исполнат. Антони Гиденс, којшто ја создаде интелектуалната основа за обновување на Лабуристичката партија во Британија, тврди дека се неопходни клучни прилагодувања за европскиот социјален модел да стане повеќе од шуплива фраза во иднината.

 


мк
(.pdf)

Публикација 6: Социјална праведност за 21.век Германските социјал-демократи ги формулираат одговорите на предизвиците на 21-иот век.

Во Април 2006 Претседателството на Социјал-Демократската Партија на Германија ги изготви "Водечките начела на патот кон новата програма на СПД". Прочитајте ја скртаената верзија на "Основните начела" на македонски.

 


mk
(.pdf)

Публикација 5: Унгарски немири - Симптом на централноевропска та криза на пристапување кон Европската Унија Микаел Ерке

Немирите во Унгарија, пад на владеачката коалиција во Полска, непресметлива коалициска влада во Словачка, непостоење на влада во Чешка: централноевропските земји-членки на ЕУ дури две години по пристапувањето минуваат низ тешки внатрешно-политички турбуленции, кои укажуваат на тоа дека целиот регион се наоѓа во пост-пристапна криза.

 


мк
shq(.pdf)
Публикација 4: Социјал-демократската програматика по проширувањето на ЕУ

Овој текст обработува три главни теми:
•  Стабилната демократија бара демократски права и демократска лева алтернатива.
•  Пост-комунистичката Европа бара леви програми за социјална интеграција.
•  Девет услови за социјал-демократскиот програм во Европа на почетокот од 21-от век.

 


мк
shq(.pdf)
Публикација 3: Политички позиции за европскиот стопански и социјален модел – географска карта на интереси

Ова е истражување што се фокусира врз позициите на политичките партии, синдикати, и организации на работодавачи кон европскиот економски и социјален модел. Истражувањето беше дадено на повеќе од стотина водечки лица од политичките партии, синдикатите, министрите, парламентите, и здруженијата на работодавачите во седумнаесет земји од Европа:

• Каде се допирните/разминувачките линии на позициите на политичките партии и организации?
•  Како се објаснуваат сличностите или разликите?

Основните заклучоци беа:
• ЕУ останува крпеница од земји и интереси.
• И конзервативните и либералите имаат скоро идентични партиски преференци за централните политички прашања.
• Социјал-демократските партии тежнеат да завземат интегративна позиција.
• Во специфичните политики и структури, разликите меѓу левичарските партии се поголеми пред се онаму каде што станува збор за делбено политички прашања.

 


мк
shq(.pdf)

Публикација 2: Новата политичка економија на европскиот социјален модел(и)

Овој текст ги анализира сменетите работни и животни услови во модерна Европа и предизвиците што овие промени ги донесоа. Според авторот: “Обемот на идните предизвици е очигледен: зајакнувањето на меѓународната конкуренција, населението кое старее, промената на половите улоги во домаќинствата и пазарите на трудот, новите технологии, растењето на социјалните тензии и подлабоките нееднаквости.” Авторот предлага стратешки промени и реформи кои ќе ги пресретнат овие предизвици.



мк
shq(.pdf)

Публикација 1: Влијанијата на ЕУ врз европскиот социјален модел и врз социјалното единство

Ова е текст што би требало да е задолжително четиво за секој политичар во регионот кој сака да го унапредува развојот, а да не ја жртвува социјалната правда.

Тука се разработени три главни прашања:
•  Овој текст покажува дека европската социјална политика до денес беше повеќе фантом отколку реалност.
• Националните социјални политики постигнаа различни резултати.
• Заедничките економски политики силно влијаеа на социјалните ефекти.


 
 
 
International Politics and Society

download на последното издание

тука

FES Библиотека
 
 
 
ФОНДАЦИЈА ФРИДРИХ ЕБЕРТ Канцеларија Скопје
Ристо Равановски 3 МК-1000 Скопје П.Фах 423
 
Copyright © 2005 FES