НОВО!!!
Прогрес - Институт за социјална демократија
во соработка со Фондација Фридрих Еберт - Скопје и Олоф Палме Меѓународен центар
распишуваат
К О Н К У Р С
за учесници на втората Политичка академија за социјална демократија
во зимскиот семестар 2009 год.
Политичката академија е образовен проект дизајниран како академски курс и тренинг. Главна задача на Академијата е да образува и тренира индивидуи кои ги споделуваат социјал-демократските вредности и кои во своите секојдневни активности ги обликуваат политичките одлуки и акции во Македонија.
Политичката академија ќе им овозможи на учесниците како теоретско знаење така и практичен тренинг на вештините и способностите во областа на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија, политичкиот и партискиот менаџмент и политичката комуникација и односите со јавноста. Овие цели ќе се реализираат во рамките на четири циклуси на тридневни викенд семинари со три модули од горенаведените области во периодот од септември до декември 2009 година. Првиот семинар ќе се одржи во првата недела на септември.
Услови за учество
Право да конкурира за учеството на Академијата има:
- секој државјанин на Република Македонија
- на возраст од 21 до 35 години,
- ангажиран е или сака да биде активен во општествениот и политичкиот живот на Македонија,
- ги споделува социјалдемократските политички, економски, социјални и општествени вредности,
- има основно знаење од општествените науки и терминологија,
- активно познавање на англискиот јазик.
Потребни документи за учество
- Пријава - составена и потпишана од кандидатот (доколку праќате по електронска пошта скенирајте ја пријавата со потписот) - пријавата можете да ја симнете подолу
- Биографија со наведени контакт -податоци
- Писмо за мотивација
Селекција на кандидатите
Селекцијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза кандидатите ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го и академското образование, неформалното образование, работното искуство и пракса) наведени во биографијата и писмото за мотивација, како и етничката, религиозната, половата, регионалната и социјалната разноликост во Македонија. Сите пријавени ќе бидат известени за резултатите од првата фаза најдоцна до 24 мај 2009 год. по електронска пошта. Кандидатите кои ќе се квалификуваат ќе бидат повикани на усно интервју во периодот од 01-12 јуни 2009 год. Избраните учесници на Академијата ќе бидат известени најдоцна до 26 јуни 2009 година. Непотполни документи нема да се разгледуваат!
Поднесување на документите
Пријавата и останатите документи треба да се поднесат најдоцна до 01 мај 2009 год. на е-маил political.academy@fes.org.mk или по пошта на адреса:
Прогрес - Институт за социјална демократија,
ул. Варшавска 1, 1000 Скопје
(со назнака за Политичка академија)
Симнете ја пријавата овде.
|