НОВО!!!
Прогрес - Институт за социјална демократија
во соработка со Фондација Фридрих Еберт - Скопје и Олоф Палме Меѓународен центар
распишуваат
К О Н К У Р С
за учесници на првата Политичка академија во зимскиот семестар 2008 год.
Политичката академија е образовен проект дизајниран како академски курс и тренинг. Главна задача на Академијата е да образува и тренира индивидуи кои ги споделуваат социјалл-демократските вредности и кои во своите секојдневни активности ги обликуваат политичките одлуки и акции во Македонија.
Политичката академија ќе им овозможи на учесниците како теоретско знаење така и практичен тренинг на вештините и способностите во областа на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија, политичкиот и партискиот менаџмент и политичката комуникација и односите со јавноста. Овие цели ќе се реализираат во рамките на четири циклуси на тридневни викенд семинари со три модули од горенаведените области во периодот од септември до декември 2008 година. Првиот семинар ќе се одржи во третата недела на септември.
Услови за учество
Право да конкурира за учеството на Академијата има:
- секој државјанин на Република Македонија
- на возраст од 21 до 35 години,
- ангажиран е или сака да биде активен во општествениот и политичкиот живот на Македонија,
- ги споделува социјалдемократските политички, економски, социјални и општествени вредности,
- има основно знаење од опште-ствените науки и терминологија,
- активно познавање на англискиот јазик.
Потребни документи за учество
- Пријава - составена и потпишана од кандидатот (доколку праќате по електронска пошта скенирајте ја пријавата со потписот)
- Биографија со наведени контакт -податоци
- Писмо за мотивација
Селекција на кандидатите
Селекцијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза кандидатите ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го и академското образование, неформалното образование, работното искуство и пракса) наведени во биографијата и писмото за мотивација, како и етничката, религиозната, половата, регионалната и социјалната разноликост во Македонија. Сите пријавени ќе бидат известени за резултатите од првата фаза најдоцна до 21 август 2008 год. по електронска пошта. Кандидатите кои ќе се квалификуваат ќе бидат повикани на усно интервју во периодот од 25 - 29 август 2008 год. Избраните учесници на Академијата ќе бидат известени најдоцна до 1 септември 2008 год. Секој учесник на Академијата ќе треба да потпише Договор за учество со организаторот.
Поднесување на документите
Пријавата и останатите документи треба да се поднесат најдоцна до 15 јули 2008 год. на е-маил political.academy@fes.org.mk или на адреса
Прогрес - Институт за социјална демократија,
ул. Варшавска 1, 1000 Скопје
(со назнака за Политичка академија)
Симнете ја пријавата овде.
|